демантираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава демант, објави, објавува демант.
Француски:
démentir
Албански:
demantoj
Употреба:
Политика
инќарат
Вид збор: Глагол, несвршен
одрекува, оспорува
Примери:
Преплашен почнал да инќари дека не е тој арамијата што го бараат.
негираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Не признае, не признава нешто кажано или сторено, одрече, одречува.
Примери:
Негира дека ја призна својата грешка.
одвелат
Вид збор: Глагол, свршен
Одрече, отфрли, повлече даден збор.
Примери:
Штом така велиш, така нека биде, немој потоа да одвелиш.
Вид збор: Глагол, свршен
Изјави дека не е вистина.
одречат
Вид збор: Глагол, свршен
Не признае нешто што е кажано, направено.
Примери:
Обвинетиот одрече дека е виновен.
Одговори на обраќање.
Примери:
Тој го ислуша, но ништо не му одрече.
откажат
Вид збор: Глагол, свршен
Не признае нешто дека е вистина.
Примери:
Тој откажуваше дел од наводите на обвинението.
повлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Откаже, објави за неточно, поништи важност на нешто (искажан збор, наредба, закон, предлог, кандидатура).
Примери:
Се повлече од нејзиниот дел од наследството во корист на брат ѝ.